За нас

„ЕФ-ТРИ ДОО“ е компанија во која тимот сака да сонува, да гледа подалеку од границите на можното и посакуваното и особено да се бори со песимистите кои велат дека ништо не може да се направи. Почнавме ентузијастички во 2011 година кога и започна приказната за порталот Факултети.мк, првиот специјализиран портал во Македонија наменет за образование. Во 2018 година ја започнавме приказната наменета за доброто родителство и ја нарековме Деца.мк.

Паралелно со ова, се впуштивме во уште поголема мисија и го креиравме „Светот на Биби“ – мултимедијален проект кој преку неколку детски ликови (Биби, Боби, Зази) на децата им помага да учат многу важни работи, да пеат, да играат, да го учат мајчиниот јазик.

Образовниот аспект на овој проект ни е број еден приоритет. Се радуваме што публиката тоа го препозна и децата добија забавно-едукативно место каде можат да ги учат буквите, бројките, да учат за вистинските вредности, за семејството. Преку 250 деца во изминатава година беа дел од „Бибиверзум“.

Моментално преку 60 лица се ангажирани на „Светот на Биби“, Факултети.мк и Деца.мк